Бабунски во извонредна гол-форма: Нови два гола за триумф на Ботев Враца (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски игра во извонредна форма во дресот на Ботев Враца постигнувајќи нови два погодоци за триумф од 2-4 на својот тим на гостувањето против Локомотив Пловдив во 19. коло од бугарскиот шампионат.

Бабунски го отвори резултатот уште во 10. минута од пенал, а потоа погоди и во 48. минута за 1-3 во тие моменти.

Со најновите два гола, Бабунски е на бројката од десет погодоци низ досегашниот тек од шампионатот на Бугарија, издвојувајќи се како еден од најдобрите стрелци во лигата.

Како што е познато, дел од најдобрите бугарски клубови веќе испратија понуди за ангажман на Бабунски во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...