Ботев Пловдив дава 100.000 евра за Бабунски

Тимот на Ботев Пловдив подгтовува со 100.000 евра да го ангажира напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски кој што во првиот дел од сезоната во Бугарија постигна 10 голови, пренесува бугарски „Меч Телеграф“.

Од тимот на Пловдив се подготвени да ја платат откупната клаузила која изнесува 100 илјади, останува само да се договорат со Бабунски. Со оглед дека договорот му истекува на крајот од сезоната, голема е веројатноста Ботев Враца да се одлучи да го пушти да замине во Пловдив и да заработи нешто од него, со оглед дека на лето ќе може да замине како слободен.

Но, плановите може да ги поремети понуда од западна Европа. Пред неколку дена претседателот на Ботев Враца кажа дека оној кој ќе плати 100 илјади евра, ќе може да го земе Бабунски. Вчера, пак, од Ботев Враца истакнаа дека и покрај понудите, Бабунски ќе остане во тимот до крајот на сезоната.

Се вчитува...