Бадел покажа кој е кој во женската кошарка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Актуелниот шампион Бадел ја демонстрираше својата надмоќ во македонската женска кошарка откако денеска стигна до нов дерби триумф над Вардар, овојпат на домашен терен во Кисела Вода со убедливи 93-67, покажувајќи зошто важат за голем фаворит за двојна круна, откако лани токму од Вардар ја загубија битката во Купот на Македонија.

„Баделки“ целата работа ја завршија уште во првото полувреме, кога поведоа со 55-37, па во преостанатите 20 минути рутински ја одржуваа својата предност.

За жал, на овој дерби натпревар во втората четвртина незгодна повреда заработи Александра Стојановска, која штотуку се врати од долга пауза поради повреда на коленото.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Димова со 24 и Лазареска со 19 поени, додека прв стрелец на Вардар беше искусната Наков со 20 поени.

[new_royalslider id=”878″]

Се вчитува...