Кошаркарите на „Бадел“ ќе учествуваат на меѓународен турнир “Пиџа – Жикајло”, кој од утре се одржува во Бор, Србија.
На турнирот, кој е во организација на ЖКК Бор од Србија, покрај домаќинот и македонскиот клуб, ќе партиципираат и ЖКК Бановичи од Босна и Херцеговина и ЖКК Студент од Србија.
Првиот натпревар „баделки“ го играат утре од 10 часот, токму против домаќинот на овој турнир, додека останатите две екипи ќе ги одмерат силите од 12 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА