Бадник и во ракометната репрезентација, еве кај кого падна паричката (ФОТО)

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките во Скопје за ЕП 2022, а ракометарите и стручниот штаб заеднички го одбележаа и големиот празник Бадник.

При кршењето на лепче паричката заврши кај Мартин Серафимов, десниот бек на РК Алкалоид и на нашиот национален тим.

Серафимов веќе неколку години наназад го носи епитетот „наследник на Кире Лазаров), а за очекување е овој ракометар да добие шанса за докажување и на претстојниот европски шампионат.

Македонските ракометари тргнуваат за Дебрецин со чартер-лет на 11 јануари, а два дена подоцна ќе го играат премиерниот дуел на ЕП 2022 против Словенија.

Се вчитува...