Баерн Минхен го назначи Хасан Салихамиџиќ за нов спортски директор

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, од денес официјално е спортски директор на баварскиот клуб.  Екс-репрезентативецот на Босна и Херцеговина настапуваше за Баерн цели девет сезони и забележа 234 натпревари надополнети со 31 гол. Поранешниот дефанзивец на германскиот првак е идеалниот избор за спортски директор, вели претседателот на клубот, Карл Хајнц Румениге.

„Од сите клубови за кои сум играл, Баерн ми оставил најголема трага во кариерата. Давав се од себе како играч во деветте сезони за овој клуб, и ќе продолжам да придонесувам и на оваа фукнција. Секогаш ќе бидам достапен за играчите, да им помогнам на било каков начин“, истакна Салихамиџиќ на презентацијата во Минхен.

Претеседателот на Баерн, Карл Хајнц Румениге покрај пофалбите за новиот спортски директор, истакна уште еден кандидат кој можеше да биде назначен на оваа функција.

„Филип Лам беше втората опција, но моравме да ги почитуваме неговите одлуки. Лам по завршувањето на професионалната кариера како фудбалер, истакна дека сака да помине некое време со семејството по пензионирањето. На крајот од денот, го добивме човекот кој сметавме дека е најдобар за оваа позиција. Хасан зборува пет јазици, што е идеално за комуникација со играчите. Но, морам да истакнам дека вратите за Лам секогаш ќе бидат отворени, кога тој ќе реши да се врати во фудбалот, ќе има работно место тука“, изјави Румениге.

Се вчитува...