Екипата на Баер Леверкузен продолжува со одличните резултати во новата сезона во Бундеслигата. Лидерот на табелата не отстапува од победите, и дојде до нова, овој пат на теренот на Вердер со 0-3 и така остана на чело на табелата пред Баерн Минхен.
Деман со автогол во 9. минута ја најави победата на „фармацевтите“, а Фримпонг пред крајот на полувремето донесе предност од 0-2. Одличниот Грималдо во 76. минута ги постави конечните 0-3.
Борусија Дортмунд се спаси во дуелот со Борусија Менхенгладбах. Губеше 0-2, на крајот дојде до победата од 4-2, иако гостите во 90. минтуа имаа одлична предност, но топката „профуче“ кај дирекот.
Менхенгладбах стигна до предност во 13. и во 28. минута преку Рајц и Коне. Но, „милионерите“ за 15 минути го свртеа натпреварот во своја корист. Сабицер намали во 30. минута, во 32. минута Филкруг донесе израмнување, а во 45. минута Бајно-Гитенс го донесе домашниот тим во предност.
Во финишот од средбата Менхенгладбах промаши голема шанса, а потоа Мален ги постави конечните 4-2.
Лајпциг загуби важни бодови во битка за титулата, откако е поразен на гостувањето кај Волфсбург со 2-1. Винд во 9. минута донесе предност, а Пулсен израмни, но Роџерио во 66. минута ја донесе победата за „волците“.
Унионр Берлин одигра 1:1 против Аугзбург дома, додека истиот резултат беше со Фрајбург – Дармштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА