Баер Леверкузен е „мајстор“ за пресврти во последните минути од натпреварите. Неколкупати во Бундеслигата се спасуваше во последните секунди, а така се пласираше и во 1/4 финалето во Лигата на Европа. Попладнево беше пред прв пораз сезонава, откако губеше од Хофенхајм, но по истиот рецепт најпрво израмни во 88. минута, а потоа во судиското надополнување стигна до пресврт и победа.
Бајер му донесе предност на Хофенхајм во 33. минута од средбата. Тоа водство беше актуелно се до 88. минута кога Андрих израмни, а во првата минута од судиското надополнување Шик погоди и донесе триумф.
Фрајбург со 3-0 му донесе шокантен пораз на Борусија Менхенгладбах и тоа на негов терен. Грегорич, Рол и Доан ја донесоа победата за гостите.
Ајнтрахт Франкфург и Унион одиграа без голови, како и Лајпциг и Мајнц. Вердер на домашен терен загуби од Волфсбург со 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА