Баер Леверкузен го осигура потписот на чешкиот „вундеркинд“

Баер Леверкузен во иднина ќе може да смета на услугите на Адам Хложек. Германскиот тим постигнал договор со Спарта Прага за ангажман на еден од најталентираните чешки фудбалери за сума од 13 милиони евра со бонуси и 30 отсто од следната продажба.

Деветнаесетгоидшниот Хложек оваа сезона одигра 29 натпревари за Спарта во чешкото првенство каде постигна осум гола во противничката мрежа и 13 пати асистираше до своите соиграчи со што ја освои наградата за најдобар асистент во првенството. Притоа собра искуство и во квалификациите Лигата на Шампионите, Лига Европа и Конференциската лига каде запиша една асистенција и два гола.

Се вчитува...