Баер Леверкузен не се откажува од најдобрите фудбалери: Нов договор за Тах

Фантастичната сезона на Баер Леверкузен во која германскиот тим ја освои шампионската титула во Бундеслигата и е во игра и за трофеите во Лига Европа и германскиот Куп привелче голем интерес на европските гиганти кои се очекува престојното лето да „загризаат“ за трансфер на најдобрите фудбалери на тимот.

Еден од нив со сигурност е Џонатан Тах, германскиот стопер кој е еден од главните „виновници“ за непоразениот статус на Баер Леверкузен. 28-годишникот влегува во последната година од договорот што го прави уште поатрактивен за гигантите како Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, ПСЖ, Интер…

Но, во исто време и Баер Леверкузен работи на случајот за продолжување на соработката со германскиот репрезентативец. Според информаиите на тамошните медиуми и самиот Тах е задоволен од статусот кој го има во тимот и се очекува наскоро да биде постигнат договор за побогат договор со повеќегодишна важност.

Се вчитува...