Баер Леверкузен успеа во намерата да го задржи Чаби Алонсо, заедно со тренерот ќе остане и најдобриот фудбалер Флоријан Вирц, а „фармацевтите“ прават се што можат за да го задржат дефанзивец Тах, за кого сериозен интерес покажува Баерн Минхен.
Сепак, на новиот германски првак му е јасно дека нема да може да ги задржи сите клучни фудбалери од оваа неверојатна сезона, а прв на листата со заминувања се очекува да биде Џереми Фримпонг. Офанзивниот десен бек има неверојатна сезона, постигнувајќи 13 гола и 12 асистенции на 44 средби во сите натпреварувања, со што холандскиот интернационалец го привлече вниманието на неколку европски гиганти.
Фримпонг е уште попривлечен ако се знае дека има клаузула за раскин во висина од 40 милиони евра, сума што голем број европски клубови се подготвени да ја платат за да доведат квалитетно засилување во своите редови.
Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци ги следи настапите на Фримпонг и подготвува понуда, но „црвените ѓаволи“ ќе имаат сериозна конкуренција ако се знае дека Арсенал, Баерн Минхен, па дури и ПСЖ исто така се подготвени да платат 40 милиони евра за да го доведат офанзивниот бек во своите редови.
La stagione straordinaria di Jeremie Frimpong, 14 reti e 12 assist in 44 presenze, non ha permesso al Bayer Leverkusen di laurearsi per la prima volta campione di Germania e giungere alla finali di Europa League e DFB Pokal, ma ha anche acceso i riflettori del mercato con l’attaccante classe 2000 che sarà uno dei nomi più chiacchierati in estate.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА