Германскиот гигант Баерн Минхен ја продолжи соработката со компанијата за производство на автомобили Ауди. Баварците договорија десетгодишна соработка со познатиот германски автомобилски гигант, а вкупната вредност на соработката ќе изнесува 500 милиони евра.
„Многу сум среќен поради продолжувањето на соработката со Ауди. За нашиот клуб овој договор стратешки важен и е чекор кон иднината. Баерн и Ауди имаат одлична соработка повеќе од 15 години, а сега е осигурано дека партнерството ќе продолжи и во следните десет години“, изјави генералниот директор на клубот Карл Хајнц Румениге.
Соработката меѓу Баерн Минхен и Ауди почна во 2002 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА