Баерн донесе нов Шпанец на местото на Тијаго Алкантара

Баерн Минхен ја заврши потрагата по нов играч за врска, ангажирајќи нов Шпанец во тимот на местото на Тијаго Алкантара, кој кариерата ја продолжи во Ливерпул. Станува збор за Марк Рока, фудбалер на Еспањол кој утрово пристигна во Минхен и веднаш по лекарските прегледи и официјално ќе потпише договор со баварскиот гигант.

Трансферот на Рока ќе ги чини баварците 15 милиони евра, а Шпанецот во прв момент нема да биде стандарден првотимц, со оглед на фактот дека во средниот ред одлично се снаоѓа Џошуа Кимих во тандем со Горецка.

Баерн планира да ангажира уште најмалку едно засилување до крајот на овој преодем рок, а на врвот на листата со желби на баварскиот гигант се наоѓа Калум Хадсон Одои, кој би пристигнал на едногодишна позајмица од Челси.

Се вчитува...