Баерн донесе одлука: Перишиќ останува, Кутињо се враќа „дома“

Иван Перишиќ ги убедил челниците на Баерн во своите квалитети, па баварскиот гигант летово ќе го откупи договорот на хрватскиот интернационалец со Интер. Двата клуба имаа договор Баерн да плати пет милиони евра за позајмицата, а потоа и дополнителни 17 милиони доколку Перишиќ ги задоволи вкусовите на газдите на „Алијанц Арена“. Тој не беше најстандарден под водство на Нико Ковач, но заигра многу подобро откако Флик застана на чело на тимот, по што е донесена одлука за откупување на неговиот договор со Интер.

Баерн не гледа на Перишиќ како на стартер, прва опција до крајот на сезонава ќе останат Гнабри и Коман, за летово се најавува и мегатрансфер на Лирој Сане, но искусниот Хрват е одлична резервна варијанта, достапен за отштета што не е премногу висока.

За разлика од Перишиќ, Филипе Кутињо нема да остане на „Алијанц Арена“ по завршувањето на сезонава. Бразилецот воопшто не ги оправда очекувањата, Барселона ја намали и првичната цена од 100 милиони евра за откуп, но во Баерн немаат намера да го задржат овој фудбалер, чија форма забрзано се движи во надолна линија по заминувањето од Ливерпул.

Се вчитува...