Баерн е страв и трепет во Германија: „Петарда“ за едно полувреме во Франкфурт

Баерн Минхен делува супериорно на стартот од новата бундеслигашка сезона, а моќта на актуелниот првак на најдобар начин ја почувствуваа фудбалерите на Ајнтрахт.

Освојувачот на Лигата на Европа се надеваше дека на домашен терен би можел да го изненади бранителот на германската круна, но не само што тоа не се случи, туку Баерн по само едно полувреме стигна до предност од огромни 0-5.

Кимих од слободен удар од триесетина метри го отвори резултатот и го најави гол-шоуто во Франкфурт, а по капитенот на Баерн меѓу стрелците се запишаа и Павар, Мане, Мусиала и Гнабри.

Ако некој се прашуваше како ќе му оди на Баерн без Роберт Левандовски, одговорот е повеќе од јасен…

Се вчитува...