Баерн е страв и трепет во Германија, Волфсбург се враќа дома со „само“ две парчиња во мрежата

Баерн Минхен со уште еден доминантен меч стигна до нови бодови во Бундес-лигата, славејќи на домашен терен против Волфсбург со 2-0. Фудбалерите на Волфсбург можат да бидат и среќни од ваквиот исход ако се земаат во предвид бројните шанси што домашните играчи ги пропуштија во текот на првото полувреме.

Садио Мане беше прецизен во првото полувреме, но тој гол беше поништен со ВАР поради минимален офсајд. Баварците сепак успеаја да стигнат до предност од 2-0 уште во првото полувреме, првиот беше дело на младиот Мусиала, а вториот на Томас Милер по обидот за шут на Кимих.

 Вторите 45 минути изминаа во доминација на избраниците на Нагелсман, кои имаа уште еден поништен гол, но секако не дозволија триумфот во ниту еден момент да им биде доведен во прашање.

Се вчитува...