Баерн е во нокдаун, Левандовски „дреме“ на клупата за резерви

Баерн Минхен сосема неочекувано се наоѓа во негатива од 2-1 по првото полувреме на гостувањето притив Хофенхајм. Баварскиот гигант може да биде и задоволен од ваквиот исход ако се знае дека домаќините пропуштија уште неколку стопроцентни шанси да ја наполнат мрежата на Мануел Нојер, додека Роберт Левандовски ова прво полувреме го проследи од клупата за резерви.

Босанскиот репрезентативец Бичакчиќ го отвори резултатот со прецизен удар со глава, а на 2-0 зголеми Дабур, по големата грешка на Давид Алаба. При овој резултат Хофенхајм пропушти две стопроцентни шанси, а казната стигна кога Кимих со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот ја преполови негативата на шампионот.

Хофенхајм во 45. минута промаши уште еден зицер, кога Нојер со помош на гредата спречи и трет погодок на домашниот тим.

Не би требало да има никакви дилеми, време е Левандовски да влезе на самиот почеток од второто полувреме за Баерн да се обиде да ја преземе контролата над мечот и да направи целосен резултатски пресврт на овој интересен натпревар.

Се вчитува...