Баерн го активира интересот за ѕвездата на Јунајтед: Роналдо во преговори за трансфер во Минхен!?

Преселбата на Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона е веќе сигурно, па по ваквиот расплет на настаните „баварците“ повторно го активираа интересот за Кристијано Роналдо, кој на крајот сепак би можел да заврши во редовите на германскиот шампион.

Жорже Мендеш кој им ги понудил услугите на Роналдо повторно имал разговор со челниците на германскиот шампион. Наводно менаџерот им порачал на челниците на Баерн дека Роналдо е подготвен на значително намалување на платата само за да заигра за „баварците“ кои ќе бидат едни од главните фаворити за триумф во Лигата на шампионите, што е и главната цел на Португалецот.

Баерн кој вчера вечерта ја прифати понудата на Барселона за Левандовски би се согласил на трансфер само доколку сегашниот тим на Роналдо, Манчестер јунајтед не бара голема отштета.

Се вчитува...