Баерн Минхен тотално го демолираше Хофенхајм во 24. коло од Бундеслигата. Баварците до 77. минута се стекнаа со предност од 0-6, но натпреварот беше прекинат поради навредливи транспаренти од страна на навивачите на Баерн Минхен.
Во 77. минута навивачите на гостинскиот тим истакнаа транспарент со навредлива содржина кон сопственикот и главен финансиер на Хофенхејм, Дитмар Хоп. Судиите го прекинаа дуелот се до моментот додека транспарентот не биде отстранет, по што натпреварот потоа продолжи.
Борусија Дортмунд славеше против Фрајбург со 1-0, со погодокот на Санчо уште во 15. минута од натпреварот.
РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО
Хофенхајм – Баерн 0-6
Борусија Д. – Фрајбург 1-0
Аугсбург – Борусија М. 2-3
Мајнц – Падерборн 2-0
Келн – Шалке 04 (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА