Баерн го „демолираше“ Келн со хет-трик на Левандовски (ВИДЕО)

Баерн Минхен продолжува со победите во Бундеслигата, триумфирајќи убедливо со 0-4 на гостувањето против Келн во 19. коло.

Баварците победата си ја осигураа уште во првото полувреме со головите на Левандовски и Толисо.

Во второто полувреме уште два гола постигна Левандовски со хет-трик заокружувајќи ја победата на својот тим.

Унион Берлин триумфираше со 2-1 против Хофенхајм, со што се израмни бодовно на табелата доближувајќи се до водечката двојка.

Гостите поведоа со автоголот на Баумгартл, но потоа Унион Берлин со погодоците на Фолгсамер и Промел дојдоа до целосен пресврт.

Се вчитува...