Баерн го договори првото од двете засилувања од Ајакс

Нусер Музрауи во следната сезона ќе го носи дресот на Баерн откако овој фудбалер ги договори сите детали од трансферот во таборот на баварскиот гигант.

Музрауи беше прв „пик“ на германскиот шампион за засилување на бековската позиција, а олеснителна околност беше фактот што тој летово станува слободен играч, бидејќи на крајот на јуни му истекува договорот со Ајакс. Тој во текот на јануарскиот преоден рок беше поврзуван со Барселона, каталонците не успеаја да се договорат со Ајакс околу отштетата, за Баерн во последните месеци да ги интензивира преговорите и да го договори трансферот на мароканскиот интернационалец.

„Се е договорено, Мазрауи ќе биде член на Баерн“, потврди денеска директорот Хасан Салихамиџиќ.

Се очекува Мазрауи да биде првото од двете засилувања на Баерн  од Ајакс во овој преоден рок. Второто е играчот за врска, Гравенберх, кој ги има договорено личните услови со Салихамиџиќ, но се чека на договор меѓу клубовите за овој трансфер да биде официјализиран.

Се вчитува...