Баерн го купува Семедо од Барселона

До крајот на јануари Баерн Минхен сигурно ќе донесе фудбалер на позицијата десен бек, информираат од редовите на германскиот шампион.

Според најавите прва опција е фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо. Доколку не успеат преговорите со Барселона, тогаш како втора варијанта е и Алваро Одриозола од Реал Мадрид.

Баерн уште пред три години посакуваше во своите редови да го види Семедо, но тогаш не беше подготвен да и плати на Бенфика 30 милиони евра. Тогаш Барселона и плати на Бенфика 35 милиони евра, но сезонава поради проблемите со повредата последниот период се пресели на клупата.

Се вчитува...