Баерн го носи миленикот на Нагелсман од Лајпциг

Баерн Минхен исто така е активен пред самата завршница на овој преоден рок откако баварскиот гигант го договори трансферот на Марсел Сабицер од Лајпциг.

Станува збор за играч кој важеше за еден од милениците на тренерот Нагелсман додека го водеше Лајпциг, па младиот стратег неслучајно го побара токму Сабицер за последно засилување на стартот од сезонава. Лајпциг долго време не сакаше да го продаде овој фудбалер на директен ривал, но фактот дека договорот му истекуваше за една година придонесе овој клуб на крајот да ја прифати понудата

Финансиските детали за трансферот не се обелоденуваат, но медиумите шпекулираат дека Баерн ќе плати скромни 20 милиони евра за овој играч за врска. Баварците очекуваат да ја покријат оваа сума од продажбата на Толисо, кој не е дел од плановите на тренерот Нагелсман.

Се вчитува...