Баерн го објави списокот на патници за Париз: Навивачите разочарани, го нема најдобриот напаѓач!

Реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите Баерн Минхен го игра утре во Париз. Германскиот и актуелен шампион на Европа беа поразени на својот стадион со 2-3, сепак од таборот на Германците се надеваат дека ќе победат во Париз и ќе се пласираат во полуфиналето. Она што загрижува е фактот дека тимот на Ханси Флик е прилично „осакатен“.

Навивачите се во очај бидејќи на списокот на патници за Париз го нема најдобриот стрелец Роберт Левандовски, кој се врати на тренинзи, но се уште не е подготвен од повредата здобиена на дуелот помеѓу Полска и Андора.

Исто така, Серж Гнабри, кој има коронавирус, го нема на списокот, како и германскиот дефанзивец Зуле, кој се повреди на првиот меч.

Добра вест за Флик е враќањето на Горецка, кој како и Зуле се повреди во првото полувреме во Минхен, па го пропушти саботниот дуел со Унион Берлин, но утревечер ќе му биде на располагање на стручниот штаб.

Се вчитува...