Баерн го продава шпанското „промашување“ кое го купи пред две години

Пред две години Баерн Минхен направи изненадувачки трансфер. Го донесе во своите редови шпанскиот фудбалер Марк Рока. Трансферот тогаш чинеше 16 милиони евра, а овој трансфер многумина го проследија со чудење, со оглед дека дојде од тогашниот второлигаш Еспањол.

Сега Рока е ставен на трансфер листа, а неговата цена се движи меѓу 13 и 15 милиони евра, со што германскиот гигант ќе го врати уложеното во него. Рока треба да потпише со англиски клуб, најверојатно со Лидс.

Рока исто така имал и неколку понуди да се врати од Шпанија. За Баерн во последните две години забележа 26 настапи, главно на Куп натпревари или на мечеви кои не решавале за ништо.

Се вчитува...