Баерн го возвраќа ударот – Дембеле доаѓа во Минхен

Баерн Минхен е подготвен да го возврати ударот кон Барселона откако каталонскиот гигант го договори трансферот на Роберт Левандовски, носејќи од Усман Дембеле од „Камп Ноу“ на „Алијанц Арена“.

Челниците на Баерн се бесни што Барса веќе ги договори личните услови со агентот на Левандовски, Пини Захави, по што Полјакот и официјално го извести директорот Салихамиџиќ за желбата да си замине од Минхен. Се очекува баварците да инсистираат на најмалку 40 милиони евра отштета, пари што ќе ги наменат за ангажман на Дембеле.

Французинот е фудбалер за кого Чави има исклучително високо мислење, но крилниот офанзивец се уште не може да се договори за личните услови и да ја продолжи соработката со каталонскиот гигант. Баерн е подготвен да го искористи тоа и со богат бонус при самиот потпис да го осигура доаѓањето на Дембеле, кое би можело да се официјализира до крајот на месецов.

Дембеле бараше плата од 18 милиони евра од Барселона, каталонците понудија половина од оваа сума, додека Баерн е подготвен да плати најмалку 12 милиони евра, се со цел да ја добие трката за овој суперталентиран фудбалер.

Се вчитува...