Баерн и Лајпциг со „нула“ на дербито на „Алијанц арена“

Баерн Минхен и Лајпциг им останаа должни на германските љубители на фудбалот, играјќи без голови во дерби пресметката на „Алијанц арена“ во 21. коло од Бундеслигата.

Во натпревар без премногу возбудувања и двата тима имаа свои моменти на теренот, но на крајот мрежите и на двете страни мируваа.

По ова реми и натаму остана предноста на Баерн Минхен на врвот од табелата од само еден бод во однос на Лајпциг.

Се вчитува...