Баерн и Левандовски се смируваат?

Спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ, рече дека очекува полскиот напаѓач Роберт Левандовски да остане и следната сезона да игра за „Баварците“.

Левандовски има договор со Баерн до 2023 година, но повеќе пати изјавувал дека веќе немал мотив да игра за овој клуб, и дека сака да замине. Се споменуваше Барселона како негова следна дестинација, но Барса ќе мора да продаде неколку играчи за да го намали буџетот за плати, но тоа засега тешко оди, па така веројатно ќе нема ништо од преселба на Полјакот.

Од друга страна Салихамиџиќ вели дека Баерн и Левандовски би требало да се смират…

„Среќни сме што Роберт игра за нашиот клуб. Мислам дека е време ситуацијата да се смири“, рече спортскиот директор на Баерн и додаде:

„Неколку пати разговаравме за тие изјави во јавноста, и мислам дека сите би требало да се смириме, за доброто на клубот“, рече Салихамиџиќ.

Баерн ја одреди цената за својот напаѓач, а за Барса тоа е многу. Левандовски се налути на клубот поради тоа што порано не му понудила нов договор, како и тоа што клубот наводно влегол во преговори со Ерлинг Халанд, кој подоцна потпиша за Манчестер Сити.

Се вчитува...