Баерн и официјално потпиша нов договор со Ноер: Повторно ќе имаме тим со кој ќе се бориме за сите трофеи (ФОТО)

Баерн Минхен и Мануел Ноер официјално ја продолжија меѓусебната соработка. Иако во претходните неколку дена се појавија информации дека Мануел не сака да го продолжи договорот со „баварците“, сепак гигантот од Минхен утрово објави продолжување на договорот.

Новиот договор на Ноер ќе има важност до 2024 година.

„Среќни сме што Мануел Ноер го продолжи договорот до 2024. Тој е тука од 2011, тој е наш капитен и најдобриот голман во светот. Мануел е наша голема поддршка на теренот и надвор од него. Ќе продолжи да има клучна улога во нашите цели“, изјави спортскиот директор Салихамиџиќ.

Задоволство од продолжувањето на соработката истакна и Ноер.

„Среќен сум што продолжувам тука, повторно ќе имаме тим со кој можеме да се бориме за титули. Како голман, капитен и лидер сакам да имам важна улога во нашите цели. Ќе продолжиме да атакуваме на сите трофеи дома и во Европа“, истакна Ноер.

 

 

Се вчитува...