Баерн и ПСЖ пред договор: Хернандез е на чекор до трансфер

ПСЖ е на чекор до нов трансфер откако влезе во завршна фаза од преговорите за Лукас Хернандез, францускиот репрезентативец во кого „светците“ гледаат идеално засилување за одбраната за наредната сезона. Овој 27-годишен фудбалер неодамна се рехабилитираше од тешката повреда на коленото, но јасно стави до знаење дека нема намера да го продолжи договорот со Баерн Минхен, иако е најскапо засилување во историјата на баварскиот гигант по 80 милиони евра вредниот трансфер од Атлетико Мадрид.

Баварците најпрвин се обидоа да го убедат Хернандез, но откако им стана јасно дека тоа е невозможно, се согласија на продажба свесни дека следното лето тој би си заминал без никаква отштета од „Алијанц Арена“. Како што јавува весникот “Л’Екип“, преговорите се во завршна фаза, а се очекува Баерн да заработи околу 50 милиони евра за услугите на францускиот дефанзивец. Германскиот шампион ќе ги инвестира овие пари во нов дефанзивец, и тоа најверојатно во Ким од Наполи.

Лукас Хернандез ќе биде четврто засилување на ПСЖ во летниот преоден рок, по ангажманите на Марко Асенсио од Реал Мадрид, Милан Шкринијар од Интер и Мануел Угарте од Спортинг Лисабон.

Се вчитува...