Баерн и Реал ќе играат „од нула“ на реваншот во Мадрид, по ремито во Минхен (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе играат од „нула“ на реваншот во Мадрид од полуфиналето во Лигата на шампионите, откако ремизираа (2-2) на првиот меѓусебен дуел во Минхен.

Баерн одлично го почна мечот, доминираше на теренот создавајќи неколку убави шанси, од кои најголема беше онаа на Лирој Сане уште во 1. минута од средбата.

Но, залудно доминацијата кога Реал Мадрид е тој кој поведе. Винисиус Жуниор погоди во 24. минута, на асистенција на Тони Крос, за водство на „кралевите“ од 0-1.

Сепак, во второто полувреме за само три минути Баерн Минхен успеа да дојде до пресврт и водство од 2-1.

По водството на „кралевите“ на полувремете, Баерн најпрво израмни со голот на Сане во 53. минута.

А, веќе во 56. минута Кејн од пенал успеа да донесе и водство од 2-1 за германскиот тим.

Но, „кралевите“ не дозволија поразени да заминат од Минхен. Винисиус Жуниор со својот втор гол на мечот, овој пат од пенал во 83. минута ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...