Баерн има и план „Ц“ за нов напаѓач

Екипата на Баерн Минхен летово сигурно ќе ангажира нов напаѓач како замена за Роберт Левандовски кој минатото лето се пресели во Барселона. „Баварците“ се решија да го купат Садио Мане, кој се покажа како лош потег, со оглед дека Сенегалецот повеќе прави проблеми, отколку корист во таборот на тимот од Минхен.

Веќе се шпекулира со неколку имиња кои ќе пристигнат во Минхен во текот на летото. Првото е Виктор Осимен, кој игра импресивна сезона во Серија „А“ во дресот на Наполи, и е еден од најзаслужните за успехот на „наполитанците“ во италијанскиот шампионат. Вториот е Душан Влаховиќ од Јувентус. Оваа сезона Србинот се мачи со повреди, но во Баерн одлично би се вклопил.

Сега се појави и планот „Ц“ за Баерн. Ако не успее со Осимен или Влаховиќ (за едниот се бара 100 милиони, за другиот 80), тогаш „Баварците“ ќе тргнат по Џонатан Дејвид од Лил. Дејвид има 129 настапи за францускиот и 54 гола, како и 9 асистенции. Беше дел од онаа генерација на Лил која во 2020/21 го освои трофејот во француската Лига 1.

Се вчитува...