Баерн има проблеми со Италијанците: Пораз и од Интер, повреда на Рибери

Карло Анчелоти има кошмари кога треба да се сретне со тим од Милано, откако Баерн Минхен по Милан загуби и од екипата на Интер како дел од турнејата низ Азија. Баварскиот гигант беше поразен на дуелот со „нероаѕурите“ со 0-2, во меч сличен на оној со Милан во кој избраниците на Анчелоти имаа повеќе од играта, но не успеаја да постигнат ниту еден погодок.

Едер беше човекот на одлука, откако италијанскиот репрезентативец круниса два контранапади со погодоци крај заспаната одбрана на баварскиот гигант. На спротивната страна Хамес Родригез одигра уште еден разочарувачки натпревар, исто како и Томас Милер, кој влезе во игра на негово место во второто полувреме.

Огромен проблем за Анчелоти сигурно претставува повредата на Франк Рибери, кој настрада при еден дуел со Шкрињар, па поради болки во скочниот зглоб на раце од соиграчите беше изнесен од теренот. Рибери е вториот играч што заработува посериозна повреда на оваа турнеја, откако претходно настрада и левиот бек Бернат, кој веќе беше и опериран и го очекува подолга пауза од терените.

FC Bayern Munich vs FC Inter 0-2 All Goals… by lifeefoot

Се вчитува...