Баерн ита кон титула: Триумф над Менхенгладбах за еден чекор до трофејот (ВИДЕО)

Баерн Минхен е само на една победа до новата шампионска круна во Бундеслигата откако во 31. коло славеше со 2-1 во дерби-пресметката против Борусија Менхенгладбах.

Триумфот на баварците го донесе Горецка со голот во 86. минута од средбата, откако долго дуелот беше максимално израмнет.

Баерн поведе во 26. минута, а гостите израмнија во 37. минута со автоголот на Павар.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...