Баерн ја „чекираше“ Барса во Лига Европа, Лил и Салцбург го извлекоа „џек-потот“ во Г групата (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја чекираше Барселона во Лигата на Европа откако ја совлада со 3-0 во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Томас Милер, Лирој Сане и Џамал Мусала беа стрелци на погодоците за Баварците во новиот триумф против еден од „пациентите“ последните години.

Бенфика го искористи поразот на Барселона и со победа од 2-0 над Динамо Киев успеа да се пласира во нок-аут фазата во елитното натпреварување. Јаремчук и Жилберто уште во првите дваесет минути ги решија сите дилеми околу победникот.

Од лудата Г група пласман во осминафиналето обезбедија Лил и Салцбург. Лил славеше на гостувањето кај Волсфбург со убедливи 1-3, додека Салцбург беше подобар од Севилја со 1-0. Шпанскиот тим ќе продолжи во „омилената“ Лига на Европа, додека Волфсбург ги заврши настапите во Европа сезонава.

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 6. КОЛО: 

Баерн М. – Барселона 3-0

Бенфика – Динамо К. 2-0

Манчестер Ј. – Јанг Бојс 1-1

Салцбург – Севилја 1-0

Волфсбург – Лил 1-3

 

 

 

Се вчитува...