Баерн ја пронајде замената за Ковач?

Променливите резултати го натераа раководството на Баерн Минхен да побара замена за Нико Ковач. Спортскиот директор на клубот, Хасан Салихамиџиќ сака да го доведе менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, чив статус во англискиот клуб исто така е под знак прашалник поради слабата форма сезонава.

Втор кандидат за замена за Ковач е тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг, за кого преземањето на германскиот гигант ќе биде голем чекор напред во кариерата. Промената на тренерската позиција се очекува да се случи на крајот на полусезоната во Бундеслигата.

Се вчитува...