Баерн ја зголемува понудата и наскоро го потпишува Кејн

Баерн Минхен се очекува денеска да ја зголеми понудата од 80 милиони евра за услугите на Хари Кејн, со што Тотенхем веројатно ќе ја прифати и конечно ќе заврши „сагата“ околу англискиот напаѓач.

Баерн веќе долго време е заинтересиран за Кејн, но досега Тотенхем одолева на понудите, но се очекува двете страни да дојдат до решение. Веројатно ќе биде 90 милиони евра, иако лондонскиот тим инсистираше на 100.

Се очекува денеска претставници на Баерн да отпатуваат во Лондон на нова рунда преговори, по која ќе се знае и дефинитивно дали Англичанецот ќе се пресели во Минхен. Воедно, ова се очекува да биде последен обид на „Баварците“ за потписот на одличниот голгетер, кој се поврзуваше со трансфер и во Реал и ПСЖ. Но, приоритет за Реал е сега Мбапе, додека ПСЖ веројатно ќе го ангажира Душан Влаховиќ од Јувентус.

Се вчитува...