Баерн ќе го жртвува Давид Алаба

Баерн се мачи да донесе врвни засилувања во својот табор во летниот преоден рок, па германскиот првак е подготвен во преговорите да го вклучи и Давид Алаба, се со цел да обезбеди екстра-фудбалер со кој би се приближил до врвот на фудбалска Европа. Австрискиот лев бек со години важеше за незаменлив дел од тимот на Баерн, но со доаѓањето на Нико Ковач на тренерската функција тој веќе не е еден од „столбовите“ на екипата.

Токму хрватскиот стратег дал зелено светло за заминување на Алаба, по што челниците на Баерн почнаа преговори со Манчестер Сити и со Барселона. Лирој Сане е најголема желба на баварскиот гигант за летово, но сумата од 90 милиони фунти што ја бара Сити е превисока за Баерн. Баварците се надеваат дека понудата од 40 милиони фунти, плус Алаба, ќе биде доволна за „дил“ со англискиот шампион, особено во ситуација кога  Менди повторно се мачи со повреди и ќе го пропушти стартот на новата премиерлигашка сезона.

Ако не успее да дојде до Сане, Баерн ќе се сврти кон Дембеле, со слична понуда до Барселона, но каталонскиот гигант тешко дека ќе прифати ваква размена за нов лев бек, откако беше потпишан нов договор со Жорди Алба.

Се вчитува...