Баерн: Кристијано Роналдо? Не, престар е за нас!

Регистрацијата на новиот автомобил на Кристијано Роналдо, која гласи на Фафенхофен, област во Баварија, покрена гласини дека Баерн тргнува по еден од најдобрите фудбалери на сите времиња кој до 2022 година има договор со Јувентус.

Но, Херберт Хајнер, претседателот на Баерн, ги отфрли тие приказни…

„Навикнавме за нашиот клуб во медиумите да се врзуваат многу играчи, па така и Роналдо. Но, тој е малку престар за нас“ – истакна Хајнер.

Роналдо пред три дена го прослави 35-од роденден, но тоа не му смета сезонава да игра како во најдобрите свои денови. Во 27 настапи за Јувентус постигна 22 гола.

Се вчитува...