Баерн Минхен и натаму ја чува предноста од четири бода во однос на Борусија Дортмунд, откако во 27. коло славеше на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со убедливи 5-2.
Баварците брзо дојдоа до предност од 2-0 со головите на Горецка во 17. минута и Милер во 42. минута…
Во второто полувреме Левандовски во 46. минута зголеми на 3-0, но Хонтерегер со два гола, во 52. и во 55. минута, успеа да намали на 3-2.
Сепак, Баерн Минхен не дозволи изненадување па со голот на Алфонсо Дејвис во 61. минута и автоголот на Хинтерегер во 72. минута, заокружи на 5-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА