Баерн Минхен без Рибери против АЕК

Германскиот првак, Баерн Минхен на гостувањето кај АЕК во Атина на дуелот од третото коло во Лигата на шампионите отпатува без повредениот Франк Рибери. Французинот има проблеми со повреда на грбот.

„Немаше поента да го носиме со нас, патувањето ќе му претставува напор. Во Минхен побрзо ќе се опорави“ – вели Карл -Хајнц Румениге.

Баерн е во групата Е од елитното натпреварување и со четири бода го дели првото место на табелата со Ајакс. Германскиот состав забележа стартна победа против Бенфика, а потоа ремизираше со Ајакс. АЕК е последнопласиран без бодови.

 

 

Се вчитува...