Баерн Минхен без Томас Милер за двомечот против Ливерпул во ЛШ

Германскиот првак Баерн Минхен остана без крилниот напаѓач Томас Милер за двата меча против Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тој доби црвен картон на натпреварот против Ајакс (3-3) во групниот сегмент, а УЕФА го казни со два меча неиграње.

Првиот натпревар меѓу Ливерпул и Баерн Минхен ќе се игра на 19 февруари во Англија, а реваншот е на 13.март во Германија.

 

Се вчитува...