Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел нема да биде на клупата на својот тим во дуелот против Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од групата „А“ во Лигата на шампионите кој ќе се игра во среда. Ова го потврди УЕФА откако германскиот тренер доби црвн картон во април за време на натпреварот против Манчестер Сити во минатосезонското издание во ЛШ, поради тоа што ги критикуваше судиите.
Тухел ќе може да го следи мечот од трибините, а телефонски да биде поврзн со своите помошници, кои ќе го водат тимот.
Тухел во март оваа година дојде во Баерн како замена за Јулијан Нагелсман кој неочекувано доби отказ од таборот на „Баварците“. Во првата сезона успеа за „влакно“ да ја освои титулата во Германија, а беше елиминиран од ЛШ од Манчестер Сити, а потоа и од Купот од Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА