Баерн Минхен добива нов тренер за три седмици, Нико Ковач си добива 10 милиони евра

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, откри дека наследникот на Нико Ковач на клупата на германскиот гигант ќе се знае за три седмици.

„Се е веќе кажано на таа тема. Верувам дека официјалното соопштение даде детални информации. Не можам да ви кажам што ќе се случи во следниот период. Сега тоа не е важно, имаме три седмици да одлучиме“, изјави Хенес. 

По денешниот дуел со Олимпијакос, баварскиот гигант го очекува големото дерби со Борусија Дортмунд, по што се очекува за време на репрезентативната пауза и официјално да биде именуван наследникот на Нико Ковач на клупата на Баерн. Тој пак си заминува со отштета од 10 милиони евра поради предвремен раскин на договорот.

Баерн во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Бундеслигата, со четири бодови помалку од првопласираната Борусија Менхенгладбах.

Се вчитува...