Баерн Минхен „гази“ во ЛШ, ама затоа младинскиот тим им е катастрофа

Ако сениорскиот тим на Баерн Минхен, со вчерашната победа над Бенфика си обезбеди место меѓу најдобрите 16 тима во Европа, и ќе игра во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, тоа не е случај со младинската екипа на „Баварците“.

Тие веќе се елиминирани од Лигата на шампионите, по вчерашниот пораз од Бенфика на домашен терен.

Ако сениорскиот тим има 12 бодови, односно ги има сите освоени поени, и примено само два гола, младинската екипа нема бодови, нема дадено гол и примено 12! Навистина неверојатно за една од најдобрите екипи во Европа да нема играчи од младинскиот погон на кои ќе смета во иднина.

А, дел од тие играчи од младинскиот повремено тренираат и со сениорскиот тим. Меѓутоа веројатно приказната таму е нешто сосема поинаква од сениорите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...