Баерн Минхен ги распродаде сите билети за домашните средби во Бундеслигата

Баерн Минхен ги распродаде сите места на „Алијанц Арена“ за претстојната сезона во Првата Бундес лига . Ова се случи набргу по објавувањето на програмата за натпреварите од германското првенство во четврток. Баварците минатата сезона завршија на третото место.

Извршниот директор на „црвените“, Јан-Кристијан Дрисен рече дека интересот е „поголем од кога било“ бидејќи новиот тренер Винсент Компани ја презема функцијата по првата сезоната без трофеј од 2012 година.

„Нашиот стадион отсекогаш бил погоден за нови рекорди. Повеќе навивачи сакаат да дојдат да гледаат убав и успешен фудбал. Сакаме да им оддадеме почит во претстојната сезона. Рекордната побарувачка за билети за домашните натпревари на Баерн покажува како нашиот тим и нашиот клуб продолжува да ги радува луѓето и нивното присуство на стадионот е на прво место за сите нас, и претставува дополнителна мотивација“, коментира Дрисен.

Се вчитува...