Баерн Минхен го доби големото дерби против Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен остануваат перфектни во домашниот шампионат откако вечерва во „Дер класикер“ славеа на домашен терен против Борусија Дортмунд со 2-1 во меч од 7. коло од новата сезона во Бундеслигата.

Баварците поведоа со 1-0 со голот на Хари Кејн во 22. минута. На 2-0 зголеми Олисе по големата грешка на Џоб Белингем кој не се снајде најдобро во сопствениот петерец во 79. минута. До крајот гостите намалија само на 2-1 преку Брандт во 84. минута.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...