Баерн Минхен го доведе талентот на ПСЖ на „Алијанц арена“

Германскиот првак Баерн Минхен ја потврди доминацијата во Бундес-лигата со освојување на нов шампионски пехар, но и веднаш се насочи кон ангажман на нови фудбалери. Баварскиот клуб го доведе големиот талент на ПСЖ, Танге Куаси, кој треба да ја засили конкуренцијата во одбранбената линија на составот на Ханси Флик.

Куаси, кој има само 18 години, доаѓа на „Алијанц арена“ како слободен фудбалер откако му истече договорот со парижаните. Тој потпиша четиригодишен договор со баварците.

„Среќен сум што ќе играм за Баерн Минхен. Се работи за голем клуб со богата историја. Се надевам дека ќе се наметнам и ќе имам многу настапи за тимот“, изјави Куаси по потписот на договорот.

Се вчитува...