Европскиот и германски првак Баерн Минхен влегува во трката за ангажман на Џејдон Санчо. Баварскиот клуб е подготвен да направи нов голем трансфер и да купи фудбалер од големиот ривал Борусија Дортмунд. Така во минатото се случуваше и со Роберт Левандовски, Марио Геце…
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ ја разгледува можноста за ангажман на одличниот англиски офанзивец кој дојде како младинец од Манчестер Сити во Дортмунд и блесна покажувајќи го целиот потенцијал во Бундес – литгата.
Борусија Дортмунд за Санчо бара отштета од 120 милиони евра, а најзагреан за неговите услуги беше Манчестер Јунајтед. Сепак, раководството на англискиот премиерлигаш не беше одлучно во намерата да плати толкава сума за да го доведе на „Олд Трафорд“. Баерн Минхен сега сериозно влегува во трка за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА