Германскиот првак Баерн Минхен тргнува во „лов“ на младиот фудбалер на Ајакс, Сержињо Дест. Тренерот на баварскиот тим, Ханси Флик, сака да ја засили конкуренцијата на десната бековска позиција, а од скаутите добил информација дека тинејџерот на Ајакс е потенцијална идна ѕвезда на европскиот фудбал. Сержињо Дест има 19 години, оваа сезона одигра одлично во дресот на холандскиот клуб и го привлече вниманието на големите европски клубови. За него сериозен интерес покажува и Барселона.
Баерн Минхен сака да го доведе Сержињо Дест на едногодишна позајмица, со опција за откупување на неговиот договор. Сепак, преговорите не течат во посакувана насока затоа што Ајакс и фудбалерот се заинтересирани за перманентен трансфер.
Сержињо Дест по татко има американски корени и прифати да настапува за фудбалската селекција на САД. Досега има три настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА